Кој триумфираше на доделувањето на овогодинешните Греми награди?
На синоќешното доделување на Греми наградите рокерите The Black Keys си заминаа со полни раце статуетки.
На синоќешното доделување на Греми наградите рокерите The Black Keys си заминаа со полни раце статуетки, дури четири, а по три дома однесоа раперите Џеј Зи и Каније Вест, мастерот за дуб степ Скрилекс и човекот со најдобара балада, Готје.
За разлика од мината година, британската дива и тазе мајка, Адел, си отиде само со една статуетка, за најдобра поп соло изведба за пеењето во живо на Set Fire To The Rain.
Наградата за Плоча на годината ја однесоа Gotye Featuring Kimbra за Somebody That I Used To Know. За албум на годината е прогласен Babel на Mumford & Sons.
Дебитантите Fun заминаа со награди за најдобар нов изведувач и за песна на годината, за We Are Young. Греми за најдобра рок изведба добија The Black Keys, кои исто така победија во и категориите, најдобра рок песна, најдобар рок албум и за најдобра рок изведба. Најдобра рап изведба е прогласена N****s In Paris на Џеј Зи и Каније Вест, додека Дреј се закити со статуетка за најдобар рап албум.
На 55-то доделување на наградите Греми беа додели 81 статуетка, а публиката уживаше во неколкучасовно шоу со богата програма и луксузни фустани на црвениот тепих.
{loadposition content9}