Комедијата „Чекајќи го министерот“ во Охрид
Театарската претстава хит-комедијата „Чекајќи го министерот” со популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ, ќе се игра во неколку градови низ Македонија. Во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид гостуваат во петок, 08.04.2022 година, со почеток во 20.00 часот.
Станува збор за хит-комедија која предизвика интерес кај публиката од бившите ју-простори, а која извесен период не се прикажуваше заради пандемијата на коронавирус. Дејството на претставата се случува во една руинирана кафеана, за чие реновирање е ангажиран дизајнер.
Покрај Лидија Вуќичевиќ, актерка која нашата публика ја знае од серијата „Бољи живот” и серијалот филмови „Жикина династија”, во претставата игра и нашиот актер Сашо Ристовски, како и Семир Гигиќ. Тој воедно е автор на текстот и режисер на претставата.
Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. Претставата ќе се одигра согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.