Народен Театар Охрид
Комедијата „Несфатената цивилизација“ во петок на репертоарот на Народен театар Охрид
Претходно купените карти за претставата која беше одложена, ќе важат, информираат од НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
Одложената претстава НЕСФАТЕНАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА од Добри Војников / гротескна комедија во два чина се презакажува во ПЕТОК 02.02.2024 година
Играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.
Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.
Почеток 20.00 часот, цена на карта 200 денари. (претходно купените карти ќе важат)