Култура

Комичарот Бојан Велевски во петок во Охрид

За прв пат во големата сала на ЦК „Григор Прличев“ голем настап на стендап комичарот Бојан Велевски во Охрид.
Бојан Велевски петок Охрид

За прв пат во големата сала на НУЦК „Григор Прличев“ голем настап на комичарот Бојан Велевски во Охрид.

Бидејќи е прв, а првиот впечаток секогаш најважен, тој доаѓа со STAND UP SPECIAL или најдобриот материјал од 10 години кариера и над 400 настапи “збиен” во пеколни 90 минути и смеење на секои 20 секунди во просек.

“Со задоволство ја прифатив поканата на НУЦК “Григор Прличев” – Охрид да гостувам во Охрид и конечно да се запознаеме одблиску, како што е редот со охридската публика. Внимателно ќе ги одберам моите најдобри фори и ветувам дека ова ќе биде едно вистинско освежување за охриѓани.”- вели, Бојан.

Настанот е закажан за 29.04.2022 година (петок), или веќе познат во Охрид како “Ден за театар”. Цената на билетите е стандардна – 200 денари, картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИ ПРОТОКОЛИ!

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top