Концерт флејта пијано на програмата на „Охридско лето“
Вечерва фестивалската публика ќе има можност да ужива во звуците на пијаното и флејтата, во 21 часот во црквата Св. Софија. Истакнатите музички уметнички од Албанија, Јонела Големи и Мерита Реџа Тершана на публиката ќе им приредат вистинско музичко доживување.
Вечерва фестивалската публика ќе има можност да ужива во звуците на пијаното и флејтата, во 21 часот во црквата Св. Софија. Истакнатите музички уметнички од Албанија, Јонела Големи и Мерита Реџа Тершана на публиката ќе им приредат вистинско музичко доживување.
Јонела Големи дипломирала на отсекот за флејта на Универзитетот во Тирана, по што во 1997 година заминува на студии во Париз каде на Конзерваториумот работи под менторство на П.И. Арто. Добитничка е на бројни награди и признанија, прв победник е на натпреварот „Н. Зораки“ и прогласена е за музички уметник на годината во 2018 година на доделувањето на наградите „Култ“ откако три последователни години била номинирана за оваа награда. Член е на оркестарот „Француски флејти“ каде ги свири сите инструменти од семејството флејти (пиколо, алт, бас, октобас) и во кој членува покрај докажани врвни француски флејтисти.
Критиката, публиката и медиумите ја сметаат Мерита Реџа Тершана за една од најактивните уметници на албанската територија, и таа продолжува да гради кариера полна со нови достигнувања. Добитничка е на импресивна бројка на национални награди како – Изведувач на годината на албанскиот фестивал за современа музика во 1996, Изведувач на годината и добиник на Култ наградата во 2010 и 2016. Родена во Тирана, Мерита Реџа Тершана дипломира на Универзитетот за уметности во Тирана во класата на проф. Маргарита Кристиди, а се усовршува на пост-дипломски студии и на мајсторски курсеви кај Паул Бадура-Скода и Тил Енгел. Тершана работи на Универзитетот во Тирана од 1994, најпрво како корепетитор, а подоцна од 2002 година како педагог. Има снимено две ЦД- а со дела од албански композитори. Моментно предава пијано како вонреден професор на Универзитетот за уметности во Тирана.