Skip to main content

Фестивал Охридско лето

Концерт на Франк Дупре Трио и изложба на Александар Томовски вечерва на Охридско лето

Дела  од Николај Капустин, Морис Равел и Леонард Бернштајн ќе музицира Франк Дупре Трио од 21 часот, во црквата „Света Софија“,. Претходно, во 19 часот и 30 минути во Предворјето  на црквата ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов „Над кулисите“.
 |  инфодеск  | 
Франк Дупре Трио

Фестивалскиот репертоар на 63-тото „Охридско лето“ вечерва ќе донесе концерт на Франк ДупреТриото од Германија и изложба на фотографии од Александар Томовски.

Во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, во црквата „Света Софија“, триото составено од Франк Дупре на пијано, Јакоб Крупна контрабас и Оби Јенена тапани ќе изведе дела  од Николај Капустин, Морис Равел и Леонард Бернштајн.

Полни со љубопитност и виртуозност, со леснотија и изразена емпатија, тројцата меѓународно познати уметници од триото на Франк Дупре лесно успеваат да ги надминат наводните жанровски граници.

Претходно, во 19 часот и 30 минути во Предворјето  на црквата „Света Софија“ ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов „Над кулисите“ од Александар Томовски.

Томовски е роден 1985 година во Скопје. Тој е софтверски инженер, но и фотограф и филмаџија.„Над кулисите“ (Above the curtains) претставува колекција фотографии која во континуитет го следи авторот и неговите фасцинации од сцената на Националната опера и балет, доближувајќи нѐ до балетот и балерините доловени од птичја перспектива.

Во 2022 година ја отвори својата прва самостојн аизложба насловена: „Над кулисите“, во Младински културен центар – Скопје, а во мај годинава во фоајето на Националната опера и балет се претстави со изложбата „1001 приказна“ во рамки на фестивалот „Мајски оперски вечери“.