Skip to main content

Црква св. софија

Концерт на светски познатиот пијанист Јаковлев

Во вторник со почеток од 19 часот во црквата Св. Софија во Охрид концерт ќе одржи светски познатиот пијанист Александар Јаковлев.
 |  инфодеск  | 
Концерт Јаковлев

Во организација на Општина Охрид, а во рамки на Програмата за одбележување на 21-ви јуни – Денот на Охридското Езеро, во вторник во црквата Св. Софија со почеток во 19 часот ќе се одржи солистички концерт на познатиот пијанист Алекандар Јаковлев.

Јаковлев дипломирал на Државниот конзерваториум во Ростов, каде што завршил и постдипломски студии. Во 2006 година победник е на натпреварот Шопен во Рим. Тој редовно учествува на музички фестивали како што се „Големите мајстори на Сарагоса“ во Шпанија, фестивалот на пијанистот Артуро Бенедети Микеланџели во Италија, „Мај фест“ во Шкотска и „Лицата на современиот пијанизам“ во Санкт Петербург.

Јаковлев има настапувано во повеќе земји ширум светот. Тој е добитник на 30–на први награди и повеќе од 50 награди на меѓународни натпревари по пијано.