Skip to main content

На 4 јули во ОМУ „Методи Патче“ ќе се одржи концертот „Спомени од минатиот век“

Концертот е поддржан од Општина Охрид и претставува можност љубителите на класичната музика да доживеат вечер исполнета со врвна пијанистичка интерпретација и богат музички израз.
 |  инфодеск  | 

На 4 јули 2026 година (сабота) со почеток во 20:00 часот, во ОМУ „Методи Патче“ – Охрид ќе се одржи концертот „Спомени од минатиот век“, во изведба на камерното дуо за четирирачно пијано – Искра Атанасова – Митуш и Михаил Јагуриноски, студенти во класата на проф. д-р Нина Костова.

Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма составена од дела на двајца великани на музиката од 20 век, Сергеј Рахмањинов и Џорџ Гершвин, кои преку своите композиции оставаат безвременски музички печат.

Концертот е поддржан од Општина Охрид и претставува можност љубителите на класичната музика да доживеат вечер исполнета со врвна пијанистичка интерпретација и богат музички израз.