Во сабота со почеток во 12 часот, оркестарот на Македонска Филхармонија ќе го одржи концертот за деца со наслов „А Zoo Called Earth“.
Диригент е Ангел Спировски, а како солисти ќе настапат пијанистките Ивана и Ана Мазнејкови. На програмата се „Карневал на животни“ од К. Сен-Санс и „А Zoo Called Earth“ од П. Шикл. Режисерка е Тамара Стојаноска, аниматор е Бобан Алексоски, а визуализацијата и анимацијата се на Иван Коминовски. Концертот се реализира во соработка со театарот „Златен Елец“ Скопје.
Приказната е за еден магионичар, кој понекогаш е кловн, но секогаш – чувар на нашата планета. Заедно со оркестарот на Филхармонијата и еден вонземјанин, ќе ги поведат најмладите на магично музичко патување.
Преку многу музика, интеракција и анимација децата ќе учат за животните, за природата и ќе ги потсетиме колку е важно да ја чуваме и сакаме нашата планета Земја – велат организаторите.