Skip to main content

Креативна верига

Конкурс за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца

Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 21.2.2024 ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта nagradatode@gmail.com.
 |  инфодеск  | 

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ –Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца. Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 21.2.2024 ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта nagradatode@gmail.com.

Изборот на трите песни кои ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со 3000 денари, ги избира стручното жири во состав Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимоски и Дијана Петрова.

Наградата е финансиски поддржана од Општина Охрид.

Повеќе детали во врска со конкурсот можат да се прочитаат на фејсбук страната на „Креативна верига“.