Skip to main content

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид

Конкурс за избор на најдобра поема “Григор Прличев”

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 28. ноември 2023 година.
 |  инфодеск  | 

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид објавува конкурс за избор на најдобра поема „Григор Прличев“. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. 

За изборот односно наградата одлучува 3 (три) члено жири составено од реномирани автори од Македонија. Се повикуваат сите заинтересирани автори да испратат необјавена поема на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев”.

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 28. ноември 2023 година.

Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.  

За дополнителни информации: Тел. 046/ 261 – 063; Е-адреса: centarzakultura_ohrid@yahoo.com