Skip to main content

Конзервите ве полнат со опасна хемикалија

Кај луѓето кои јадат храна од конзерви, урината содржи 1.200 пати поголеми количина на хемикалијата бисфенол А (БПА).

 |   | 
konzervirana hrana
konzervirana hrana

Кај луѓето кои јадат храна од конзерви, урината содржи 1.200 пати поголеми количина на хемикалијата бисфенол А (БПА).
konzervirana hrana

Истражувањето го направиле американските научници од универзитетот „Харвард“, сакајќи да го истакнат влијанието на конзервираната храна на човечкиот организам. Подолго време е познато дека пиењето пијалаци кои се чуваат во одредени видови пластика можат да го зголемат нивото на БПА во телото. Конзервираната храна би можела да биде и поголема опасност, особено кога се има в предвид раширеноста на нејзината употреба.

Хемикалијата бисфенол А го нарушува ендокриниот систем и докажано го попречува развојот на половите органи. Исто така, нивото на БПА е поврзано со појавата на кардиоваскуларни болести, дијабетес и дебелина. Кај девојчињата, оваа опасна хемикалија се поврзува со настапувањето на преран пубертет и појава на агресивност кај тинејџерите. И шишињата за бебиња се на мета на научниците, бидејќи тие можат да предизвикаат сериозни здравствени последици кај најмалите.

БПА се наоѓа во внатрешноста на конзервите, пластичните шишиња означени со бројот седум, па дури и во стоматолошките материјали.
Поголеми нивоа на БПА се измерени уште по првиот оброк од конзерва, па научниците апелираат до производителите во потполност да ја елиминираат употребата на хемикалијата бисфенол А.

{loadposition content9}