Корисен или некорисен, странците луди по нашиот ајвар
Македонскиот ајвар се почесто се наоѓа на трпезата на странските потрошувачи.
Од Македонската асоцијација на преработувачи велат дека од година во година извозот на македонскиот ајвар постојано се зголемува. Ајварот најмногу се пласира на европските пазари и земјите од регионот. Според податоците од оваа организација во последните пет години извозот на овој познат македонски бренд е зголемен дури за 67,6% . Токму како резултат на зголемената побарувачка, домашните компании велат дека ќе го зголемат производството и ќе освојуваат нови пазари. Дека побарувачката постојано е во нагорен тренд, задоволно потврдуваат и менаџерите на домашните конзервни компании . Еден од сопствениците на конзервната компанија ДИЕМ ГП од Гевгелија, Ѓоко Атанасов, вели дека годинава во споредба со лани , планираат зголемување на производството за 20%.
“Извезуваме во 16 земји во светот, имаме стандардни купувачи, а оваа година сакаме да го освоиме и шведскиот пазар. Планираме, исто така, да го зголемиме извозот во Чешка и Германија“ вели Атанасов.
Според Атанасов побарувачката на странските пазари е стандардна, а во последно време за разлика од индустрискиот се зголемува побарувачката на домашниот ајвар.
“За странските пазари интересен станува ајварот со маслиново масло, тоа е новитет кај нас и затоа планираме во иднина да вложиме поголемо внимание на тој производ “ вели Атанасов.
Од конзервната компанија Випро,пак, велат дека планирааат пласман во источните земји.
“Нашите проекции се на исто ниво како и претходната година, пред се бидејќи имаме мали залихи од лани што планираме да ги продадеме годинава. Цената на суровината е на исто ниво како и минатата година. Како нови пазари што планираме допрва да ги освоиме со Јордан и Кувајт, каде што веќе пративме пилот-пратки. Немаме се уште одговор и нарачки, бидејќи не е познат ајварот како производ, но се надеваме дека ќе имаме соработка “ вели Виктор Петков, сопственик на ВИПРО.
Побарувачката на европските пазари и во поранешните ЈУ-земји од година во година е се поголема пред се поради препознатливоста на македонскиот ајвар, констатираат менаџерите на домашните компании.
{loadposition content9}