Креативна работилница за најмладите: „Учиме да ткаеме!“ во петок, во Охрид Мол
Настанот е во организација на Валентина Рубаноска и се реализира во рамки на проектот „Културата расте со децата – За сите деца“.

Најмладите охриѓанчиња овој петок ќе имаат можност да се запознаат со традиционалната уметност на ткаењето преку креативна и едукативна работилница, наменета за поттикнување на детската фантазија, креативноста и љубовта кон културата.
Работилницата „Учиме да ткаеме!“ ќе се одржи на 30 октомври (петок), со почеток во 19:00 часот, во Охрид Мол. Преку практична работа и дружење, децата ќе имаат можност да научат нешто ново и одблиску да се запознаат со уметноста на ткаењето.
Настанот е во организација на Валентина Рубаноска и се реализира во рамки на проектот „Културата расте со децата – За сите деца“.




