Skip to main content

„Креативност“ на 18 јули носи уметност, музика и ракотворби на „Долна Порта“

Настанот е поддржан од Секторот за култура при Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

На 18 јули, со почеток во 21 часот, на плоштадот „Долна Порта“ во Охрид ќе се одржи настанот „Креативност“, чија цел е да ги поттикне младите автори да го претстават своето творештво и да ја доближат својата работа до пошироката публика.

Во рамки на програмата, од 21 до 24 часот, за музичката атмосфера ќе биде задолжен Никола Тони со DJ сет, а посетителите ќе можат да разгледаат и изложба на креативни ламби изработени од дрво.

На настанот ќе се претстават и повеќе локални автори и креативци. Јане Наумоски (Rogue Brush) ќе изложи рачно изработени диорами инспирирани од светот на фантазијата и научната фантастика, додека Михајло Грбевски ќе ја промовира својата книга „ROCK `N BEAT“.

Свои изработки ќе презентираат Славко Баче (Bache Handmade Design) со дрвени играчки и сувенири, „Канео 2012“ со дрвени сложувалки, играчки и сувенири, како и Култ – Културен центар Охрид со дела создадени на креативните работилници.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат и со програмата на Академија „СЈАЈ“ – Охрид, која ќе ја претстави креативната едукација за цртање на лице и тело преку практични техники и уметнички демонстрации.

Настанот е поддржан од Секторот за култура при Општина Охрид.

Доколку временските услови не дозволат негово одржување, настанот ќе биде презакажан за 19 јули, со почеток во 21 часот.