Skip to main content

Крушата ги дроби камењата во бубрезите

Таа е вистински благодат за сите органи во организмот. Тие се вистински еликсир за крвните садови, срцевиот мускул и бубрезите.

 |   | 
krusi
круши

krusiКрушите се вистинско богатство на шеќер, киселини, минерални соли, танини, витамини и ферменти. Содржи најмногу калиум, калциум фосфат и магнезиум, а богати се со витамините А, Б1, Б2, Б6, додека витаминот Ц го има повеќе од јаболкото.

Таа е вистински благодат за сите органи во организмот. Тие се вистински еликсир за крвните садови, срцевиот мускул и бубрезите.

Во народната медицина плодот од крушата се користи за овошен чај против кашлица, воспаление и поволно делува на слузокожата на цревата.

Иако содржи повеќе шеќери од јаболката, крушите можат да ги консумираат и дијабетичарите
Крушата се препорачува и при појава на дијареа (пролив). Се препорачуваат во случај на камен во бубрегот, особено ако тој настанал од соли на оксалната киселина, крушите го забрзуваат распаѓањето на каменот и неговото исфрлање.

Крушите го поттикнуваат растењето на децата и го зголемуваат капацитетот на умствената работа, затоа се препорачува ова драгоцено овошје да се најде секојдневната детска трпеза.