Skip to main content

Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ ќе одржи концерт по повод Меѓународниот ден на слепите лица

Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 4 октомври ( сабота) со почеток  во 19:30 часот.
 |  инфодеск  | 
Центар за култура

Здружението на слепи лица Охрид во соработка со општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ кое функционира во склоп на Националниот сојуз на слепи на Македонија.

Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 4 октомври ( сабота) со почеток  во 19:30 часот.

Влезот за концертот е бесплатен.