Skip to main content

Вевчанска и македонска фолклорна традиција

КУД Дримкол Вевчани на Смотра на фолклор во Задар

КУД ,,Дримкол” со своја изворна и автентична програма се претстави пред Хрватската публика во рамки на официјалната програма на големата летна сцена.
 |  инфодеск  | 
КУД Дримкол Вевчани

КУД ,,Дримкол” од Вевчани овие денови ја претставува нашата земја на 20-тата Смотра на фолклорот во Задар, Р. Хрватска. Смотрата е во организација на Музејот за заштита на споменици на град Задар и на Туристичката организација на Задар.

Со своја изворна и автентична програма КУД „Дримкол“ се претстави пред Хрватската публика во рамки на официјалната програма на големата летна сцена, а со едночасовна програма ,,Дримкол” ја претстави вевчанската и македонска фолклорна традиција на плоштадот во Задар.

КУД Дримкол Вевчани

Многу убава манифестација, одличен пречек од страна на домаќините, прекрасна публика и многу добро прифатен нашиот фолклор овде во Задар. Се претставивме со традиционални изворни ора и песни од Вевчани и од нашиот регион презентирајќи ја во целост нашата народна култура: Вевчанската носија, инструменти, песни. Се потрудивме тоа да биде најдостоинствено како што му прилега на Дримкол, на Вевчани и на Македонија и сето тоа навистина се ни се исплати слушајќи ги високите критики за нашето претставување на еминентните професори од Етнолошкиот факултет и други релевантни институции од оваа област, на тркалезната маса која се одржа на крај од програмата – изјави Кирил Бебекоски од раководството на Дримкол кој ја предводи групата во Хрватска.

Со ова гостување, КУД ,,Дримкол” од Вевчани само уште еднаш се потврдува како достоен чувар на македонското културно наследство.

КУД Дримкол Вевчани