Skip to main content

КУД „Отекс“ со јубилеен концерт ќе прослави 40 години негување на македонскиот фолклор

Јубилејниот концерт ќе се одржи на 4-ти ноември во Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 19:30 часот.
 |  инфодеск  | 

Културно уметничкото друштво „Отекс“ од Охрид во сабота, на 4-ти ноември, со целовечерен концерт ќе одбележи јубилеј – 40 години постоење.

Јубилејниот концерт ќе се одржи во Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 19:30 часот. Цената на билетот е 100 денари.

Концертот е поддржан од Општина Охрид, Министерство за култура на Р. Македонија и НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

КУД „Отекс“ е формирано во 1983 година на иницијатива на тогашниот директор на текстилниот гигант „Отекс“. Низ 4 децении постоење во ова културно уметничко друштво поминаа генерации играорци кои играјќи ги македонските сплетови и ора, како амбасадори на културата, пропатуваа многу земји низ цел свет и ја презентираа нашата богата фолклорна ризница.