Skip to main content

Културата расте со децата „За сите деца“

Културата расте со децата: Денес за најмладите детската претстава „Писмото од кралот”

Претставата започнува во 19 часот во Охрид Мол.
 |  инфодеск  | 

Продукција ТРИАНГЛ за најмладите носи интерактивна музичко-драмска претстава со изведба и музика во живо, полна со хумор и едукација, насловена „Писмото од кралот”.

Во раскошниот дворец на „Охрид Мол“ приказната започнува со пристигнување таинствено писмо од кралот. Со помош на публиката и многу музички моменти, создаваат вистинска училница на култура и еколошка свест. Преку игра, песна и интеракција, „Писмото од кралот“ пренесува важни едукативни пораки за бонтон и општествена култура, грижа за животната средина, како и за вредноста на почитта и меѓусебното разбирање.

Претставата започнува во 19 часот во Охрид Мол.