Skip to main content

општина охрид

„Културата расте со децата – За сите деца“ од oктомври до мај ќе се реализира во Ohrid mall

Почетокот на театарските претстави и останати културни содржини за деца е најавен за 19:00 часот.
 |  инфодеск  | 

Проектот на Општина Охрид „Културата расте со децата – За сите деца“ од месец Октомври до месец мај ќе се реализира во Ohrid mall. Почетокот на театарските претстави и останати културни содржини за деца е најавен за 19:00 часот.

Станува збор за настан кој се реализира втора година по ред и е дел од програмата за култура на Општина Охрид.