Skip to main content

Основен суд битола

Ламбе Алабаковски пуштен во домашен притвор

Алабаковски е осомничен за подметнување на пожарот во КЦ „Ванчо Михајлов“ во Битола, во саботата, кога изгоре влезната врата од објектот.
 |  инфодеск  | 
Ламбе Алабаковски

По поднесената жалба од адвокатот на Ламбе Алабаковски, Судскиот совет од Основен суд Битола ја преиначил одлуката за осумдневен притвор во мерка куќен притвор, објави Телма.

Алабаковски, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во клубот „Ванчо Михајлов“ денеска го напуштил одделението во затворот во Битола и бил спроведен во неговиот дом.

Пејачот е осомничен дека го предизвикал пожарот во бугарскиот културен клуб во саботата, кога изгоре влезната врата на објектот.

Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а вчера во Битола се одржа протест под мотото „Слобода за Ламбе“.