Skip to main content

„Lego“ техниката користена за изградба на египетските пирамиди

Изградбата на пирамидите со помош на технологиите со кои што древните Египќани располагале и понатаму останува мистерија која што не престанува да ги мачи експертите, но и да ја освојува фантазијата на неискусните трагачи по вистината од историјата.

piramidi
пирамиди

Изградбата на пирамидите со помош на технологиите со кои што древните Египќани располагале и понатаму останува мистерија која што не престанува да ги мачи експертите, но и да ја освојува фантазијата на неискусните трагачи по вистината од историјата.

piramidiИмено, со векови се веруваше дека Египќаните ги граделе пирамидите со помош на рампа, што значи дека милиони блокови морале да бидат кревани преку стрмните страни на пирамидите, меѓутоа еден британски инженер сега тврди дека тоа било сосема невозможно, односно дека пирамидите најверојатно се градени однатре кон надвор, околу гробниците на фараоните кои што претставуваат “цврсто јадро”.

Питер Џејмс од Њупорт во Велика Британија објаснува дека изградбата каква што досега била замислена, всушност била и невозможна затоа што рампите би морале да бидат долги околу 400 метри, додека во спротивно би биле премногу стрмни за преку нив да се креваат огромните бетонски блокови.

Затоа тој е уверен дека Египќаните всушност го граделе внатрешното јадро од цик-цак рампа, местејќи ги помалите и полесните блокови, додека поголемите блокови во надворешниот слој биле кревани со помош на скеле.

piramidiТоа би значело дека пирамидите биле градени во слоеви и дека најгорните бетонски плочи биле кренати со помош на скелиња поставени на надворешните страни.

Овој научник и тимот од неговата компанија “Sintek” се експерти во областа на градежништвото, а во изминатите 18 години работеле на обнова и реновирање на пирамидите.

“Ако пирамидите ги погледнете од гледиште на градежник, а не археолог, ќе сфатите дека сегашните теории се бесмислени. Верувам дека старите Египќани ги граделе пирамидите како што денес денешните градежници ги градат куќите”, додал Питер.

Најпрво биле поставени четирите агли од пирамидата, каков што е случајот со четирите агли на една куќа, а потоа граделе четири пристапни точки во нејзиниот центар. Следно што тие правеле било одредувањето на местото за изградба на погребната одаја, која што била ѕидана од гранит.

Тргнувајќи од ѕидовите на погребната одаја, можеби граделе рампи и користеле помали и полесни блокови, местејќи ги цик-цак едни врз други околу основната структура, така што може да се заклучи дека пирамидите биле градени во слоеви.

Потешките блокови потоа биле носени до врвот преку рампи или биле кревани однадвор, користејќи скелиња и јажиња. Кога остатокот од пирамидата бил готов, блоковите на врвот биле кревани однадвор и морале да се вклопат како “Lego” коцки.

Џејмс тврди дека е целосно сигурен во својата теорија затоа што до истата дошол по долгогодишното проучување на структурата на пирамидите и работата на нивната реконструкција, при што постепено ја откривал сета генијална иновативност на древните градежници, но и нивната практичност при решавањето на конкретни градежни проблеми.

{loadposition content9}