Лекција за елеганција
Кетрин Зета Џонс и нејзиниот сопруг Мајкал Даглас важат за „Холивудски благородници“ но денес Кетрин се поклона пред вистински член на кралското семејство.
Ketrin
Кетрин Зета Џонс и нејзиниот сопруг Мајкал Даглас важат за „Холивудски благородници“ но денес Кетрин се поклона пред вистински член на кралското семејство.
Холивудската актерка Зета Џонс (41) со сопругот Мајкал Даглас (66), пристигнаа во Бакингамската палата со своите две деца, синот Дилан и ќерката Карис на церемонијата во нејзина чест.
Кетрин доби орден од принцот Чарлс за нејзините достигнувања во областа на филмската индустрија и добротворната работа.
Кога минатото лето ја дознала веста дека ќе и биде доделен орденот за заслуги лично од принцот Чарлс таа била пресреќна и горда бидејќи по потекло е Британка.
„На доделувањето Кетрин беше поим за елеганција и едноставно блескаше. Таа знае што да облече за средба со благородник. Целото семејство беше совршено и стокмено во скалд со настанот“-пишува Daily Mail.
{loadposition content9}