Skip to main content

Хит комедија обвинителка

Лидија Вукичевиќ повторно во Охрид

Лидија Вукичевиќ на 31-ви март повторно во Охрид со урнебесната македонско-српска хит комедија „Обвинителка“.
 |  инфодеск  | 
Лидија Вукичевиќ

После големиот успех со претставата „Чекајќи го министерот”, мега популарната актерка Лидија Вукичевиќ на 31-ви март повторно во Охрид со урнебесната македонско-српска хит комедија „Обвинителка”. Центар за култура „Григор Прличев“, почеток 20 часот. Картата ќе чини 200 денари.

Автор: Огнен Неделковски Режија: Сашо Ристовски

Во претставата играат : Лидија Вукичевиќ, Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски, костимографија: Елена Лука, сценографија: Крсто Богојевски, музика: Мишел Трајковски.

Претстава обвинителка

Во претставата се зборува на македонски и српски јазик. Урнебесна комедија за сите !!!

Оваа комедија е копродукција и размена на уметници од Македонија и Србија. Главната улога во оваа урнебесна комедија ја игра мега популарната актерка од бившите ју простори Лидија Вукиќевиќ, која е позната по серијата ,,Бољи живот”, ,,Жикина династија” и уште многу други тв и театарски улоги. Спојот на уметници и соработници од двете држави треба да се зајакне, културата обединува, а преку хит комедијата ,,Обвинителка” ќе го прикажеме пред публиката кај нас и во регионот тоа. Како е да се работи во обвинителство? Како е да се биде обвинителка? Како е да се биде обвинет? Како да се спасиш од обвинение? Тоа се дел од прашањата кои ќе бидат одговорени низ урнебесните комични ситуации во претставата – велат организаторите.