Приватното обезбедување во Mакедонија, ги следи светските трендови
Во оваа дејнсот која од час во час се менува, моментално во Македонија работат околу четири илијади работници.
Дејноста приватно обезбедување и во ЕУ и во Македонија најголемтие проблеми ги има во делот со нормативната регулација на законот. Постои едно законско решение донесено во 2014-та од кое приватните обезбедувачи се задоволни , но оваа дејност е интензивна дејност, секојдневно се соочува со нови предизвици, нови проблеми, кои пак бараат дополнителна регулација, вели Верица Милевска Стефановска -Претседател на Комората за приватно обезбедување на РМ.
„Мислам дека најголем проблем е во делот на регулација на заштитната критична инфраструктура во која треба да влезе и делот во приватниот безбедносен сектор на РМ и сеуште недостасува делот на дорегулација на оние јавни овластувања на работниците за приватно обезбедување и особено во делот на транспортот на пари и оние други пратки што се обезбедуваат“ потенцира Милевска Стефановска.
Имено ако се постапува по овластувањата на работниците за приватно обезбедување, најчесто се наидува на третман од страна на полицијата по Закон за јавен ред и мир, а не по Законот за приватно обезбедување, што понатума резултира со појава работниците за приватно обезбедување да добиваат кривични пријави за употреба на физичка сила, а не се третираат по законот за приватно обезбедување, работејќи го тоа како службена дејност објаснува Милевска Стефановска.
Во Словенија пак Комората за приватно обзбедувае функционира од 1991 и побарувањето на оваа услуга се зголемува, што резултира и со зголемување на цените за приватно обезбедување. Па така, приватното обезбедување за малку ќе било ангажирано и околу справувањето со мигрантската криза во Словенија, но цената на услигите била пресудна вели Бранко Слак претседател на Словенечката Комора за приватно обезбедување.
„Прво јас добив од Министерката за внатрешни работи и нивните колеги молба заедно да работиме на граница, па настана проблем за цената, но во последен момент бевме отповикани, но законски ги имаме сите овластувања да работиме, можеме стручно да го обработиме, подготвени сме да одговориме соодветно на задачите стручно“ вели Слак.
Во светски рамки, приватното обезбедување е дејност која секојдневно се менува и прогресира во насока обезбедување поголема сигурност во оној дел на општественото живеење на правните и физичките лица. Моментално во Македонија работат 4000 работници во дејноста приватно обезбедување. Меѓународната конференција „Приватното обезебдеување во 21 век искуства и предизвици“, која што е во заедничка организација со Институтот за безбедност, одбрана и мир, која деновиве се одржува во Охрид е посветена на една тематска целина, „Проблемите и предизвиците на приватната безбедност и дејноста приватно обезбедување во РМ“.