„М“ на Вардан Тозија, во сабота на кино репертоарот во ЦК “Григор Прличев”
На кино репертоарот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид премиерно ќе се прикажува филмот „М“ на Вардан Тозија во сабота (14.10.2023 година) со почеток во 20.00 часот.
Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8-годишниот Марк, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски.
Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзовиќ.
Цена на карта 150 денари.