Кино репертоар
Македонскиот филм “Лена и Владимир” во сабота на кино репертоарот на Центар за култура
Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов.
На кино репертоарот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид ќе се прикажува волшебната приказна на новиот македонскиот филм “Лена и Владимир” во сабота 18.11.2023 година.
Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.
Траење на филмот: 95 Минути
Земја / година: MKD, SRB/2020
Жанр: Драма, Трилер
Глумци: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски
Режија: Игор Алексов
Проекцијата на филмот е со почеток во 20:00 часот, а цена на билет е 150 денари.
Филмот не се препорачува за публика на возраст под 16 години.