Документарниот филм „Македонецот“ ќе биде прикажан во Охрид на културниот настан „ Патување кон корените“

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 24 септември ќе се одржи културниот настан „Враќање кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска, а во организација на Полската амбасада во Македонија.
Централниот дел од вечерта ќе биде проекцијата на документарниот филм „Македонецот“, создаден според вистинската животна приказна на таткото на режисерот, Мито Алексовски, кој како дете бил бегалец од Егејска Македонија.
Во рамки на програмата се предвидени обраќања на претставник на Полската амбасада, претставник на Општина Охрид и режисерот Петро Алексовски.
Покрај филмската проекција, посетителите ќе имаат можност да ја проследат и пропратната изложба насловена „Мајко мила“.
Настанот ќе започне во 19 часот, а влезот за посетителите е бесплатен.




