Македонија делумно слободна земја
Во годинашниот извештај на Фридом хаус за состојбата со слободите во светот, објавен денеска, Македонија и натаму е во групата делумно слободни земји.
Во годинашниот извештај на Фридом хаус за состојбата со слободите во светот, објавен денеска, Македонија и натаму е во групата делумно слободни земји.
Во извештајот се наведува дека македонската владејачка партија била вмешана во изборна измама и експанзивно прислушување, со што го влошила политичкиот ќор-сокак со опозицијата.
На крајот тоа ја натера ЕУ да се вмеша и да договори предвремени избори за годинава, се наведува во извештајот на Фридом хаус во кој Македонија забележа негативен тренд. Политичките слободи се оценети со 4, додека оние граѓанските со тројка.