Македонка настапи со питон на „Ѕвездите на Гранд“
Македонската натпреварувачка во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ целосно ги шокираше членовите на жирито и публиката со својот настап на сцената.
Имено, на настапот кој беше емитуван викендов, македонката Марија Груевска реши да поведе со себе гостин, кој настапи заедно со неа.
Гостинот кој ѝ помогна на Марија во претставувањето, беше ни помалку, ни повеќе – албино-питон.
Огромната змија ѝ се виеше околу телото, а Марија имаше и многу необичен стајлинг кој ја воодушеви Јелена Карлеуша, а за кој беше задолжен македонскиот дизајнер, Златко Јовановски – Џеј Зи Џеј.
– Во живо, во мојот живот, никогаш не сум видела толку висока мода, како што гледам вечерва на тебе. Ова се вика висока мода…. Честитки за Златко, ова е нешто невообичаено на оваа сцена, изгледаш како принцеза, пееше како да си од некоја друга димензија, тотално поинаква. Едно чудно патување што никогаш не се чуло на оваа сцена, еден тотално поразличен пристап… – ѝ рече Јелена.
Ако намерата на нашата Марија беше да го исплаши жирито, таа успеа во тоа, бидејќи Виолета Вики Миjковиќ вресна штом ја виде змијата, Јелена исто така рече дека многу се плаши од змии и коментираше дека не може да гледа, иако подоцна се фотографираше со неа, додека Џорџе Давид стана и се приближи да го бакне питонот.