Skip to main content

Македонката Ева успешно гази по модните писти во Швајцарија

Ева беше поканета од страна на “Suisse Franchophon” на еден од најпознатите саеми во Швајцарија, да биде член на стручното жири на избор за мис.
 |  инфодеск  | 

На 17 ноември се одржа еден од најпознатите саеми во Паерне, Швајцарија, во рамки на кој се одржува избор за Мис и Мистер.

Убавата манекенка Ева, со потекло од Кичево, беше претседателка на стручното жири, на покана од страна на “Suisse Franchophon”.

На манифестацијата сите погледи беа вперени во нашата Ева. Таа носеше преубав зелен фустан, а нејзиниот прекрасен врат го красеа скапоцени бисери.

Кон крајот на настанот, неа ја ,,нападнаа” огромен број обожаватели чекајќи го нејзиниот автограм, а некои од нив успеаа и да се фотографираат.