Македонската жена, најдебела на Балканот
Во просек, најдебела нација на светот се жителите на Кувајт, покажуваат резултатите од истражувањето на порталот Visual.ly, пренесува Анадолија.
Со просечен Индекс на телесната тежина (БМИ) од 29,5, кувајтските мажи со 27,5, а жените со 31,4 БМИ единици се први во светот според дебелината. Потоа следуваат жителите на САД со просечен БМИ од 28,8 единици, жителите на Тринидад и Тобаго и Аргентина имаат БМИ од 28,6, жителите на Египет и Мексико 28,4 и Нов Зеланд 28,2 единици.
Од друга страна, на дното на табелата се наоѓаат некои од најсиромашните земји во светот. Во просек, најслаби се жителите на Бангладеш со БМИ 20,2, потоа следуваат жителите на Еритреја, Етиопија, Шри Ланка, Конго, Непал и Виетнам.
Според резултатите од истражувањето на порталот Visual.ly, сите балкански земји се наоѓаат во групата предебели нации.
Најдебела нација во регионот се Хрватите, со просечен БМИ 26. Потоа следуваат Албанците и Србите со 25,9, Босна и Херцеговина со 25,8 и Македонија со 25,2. Според истиот извор, просечно најдебелите жени на Балканот се во Македонија со БМИ индекс 26,4, а по нив следат жените во Албанија и Босна и Херцеговина.
Најдебелите мажи, исто така, се во Хрватска со 26,6 БМИ единици, а следат мажите од Србија и Албанија.
Во поширокиот балкански регион, после Словенија, најдебели се граѓаните на Турција со 26,3 БМИ единици, а по нив граѓаните на Словачка, Бугарија и Унгарија.
Најслаба нација во Европа се жителите на Романија со 24,1 БМИ единици, а по нив се граѓаните на Естонија, Франција, Украина и Данска. Најдебела европска нација се Грците со 27,5 БМИ единици, а веднаш зад нив се Германците, Белорусите, Британците и Словенците.Порталот Visual.ly го спроведе истражувањето користејќи ги податоците на Светската здравствена организација.
Индексот на телесна тежина (БМИ) е вид мерка за човековото тело, која се темели на тежината и висината. Се пресметува со делење на масата на личноста во килограми со квадратот од неговата висина. Според таа пресметка, се смета дека лице со нормална тежина има БМИ од 18,5 до 24,5 единици. Лицата со БМИ индекс од 25 до 29,9 се сметаат за дебели.
{loadposition content9}