Нуцк Браќа Миладиновци
Македонски филм „Сестри“ пред струшката публика
Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци” – Струга, на 19-ти и 20-ти април (вторник и среда), со почеток во 19.00 часот, ќе се прикажува македонскиот игран филм „Сестри”.
Македонскиот филм „Сестри“ во вторник и среда ќе се прикажува во НУЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Ова е дебитански филм на Дина Дума, која го напишала и сценариото заедно со Мартин Иванов. Филмот ја имал својата премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде во официјалната селекција ја добил специјалната награда од жирито.
„Сестри“ беше македонски кандидат за Оскар на 94-тото доделување на оскарите, како и првиот македонски филм на „Нетфликс”.
Филмот е со почеток во 19 часот, а влезот ќе чини 100 денари.