Skip to main content

Македонскиот филм „Збор“ на кино репертоарот во Охрид

Охридските љубители на филмската уметност на 9-ти, 10-ти и 11-ти декември 2015 година, во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можност да го погледнат филмот „Збор” од режисерот Слободан Деспотовски.

senko

senkoФилмот е реализиран од страна на „СД Продукција“ со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и МРТ. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Велјановски.

Филмот ја раскажува приказната за двајца пријатели: Горди – кој го почитува законот и кој сака да се обезбеди за староста што доаѓа но и да ја обезбеди иднината на неговата ќерка Александра и Арно – некогашен легионер, човек без вера ни закон.  Приказната открива дека Горди баш и не го почитува законот и дека Арно сепак има еден закон – дадениот збор, кој ќе го почитува на свој, крвав, начин.

Почетокот на проекциите ќе биде во 20.00 часот, а влезниците ќе чинат 100 денари.