Македонско пијано дуо вечер на програмата на „Охридско лето“
Вчерва во 21 часот во црквата Св. Софија концерт на пијано дуото Гелебешеви. Нивниот репертоар опфаќа дела од сите музички периоди од класиката, преку романтизмот до современата музика.
Уште од периодот на почетоците на своето делување во 2001 година, пијано дуото Гелебешеви составено од Катерина Гелебешева – Костадиновска и Глигор Гелебешев се промовираа како ансамбл со ретка виталност и свежина на нашата музичка сцена. Нивните настапи се карактеризираат со перфекција во музичката креацијата доловувајќи ги суштинските одлики на композициите од технички, уметнички или стилски аспект. Од нивните првични домашни настапи кои често вклучуваат и премиерни изведби, дуото Гелебешеви постепено започна да ја проширува својата концертна дејност на интернационално ниво и тоа вона Балканот, Европа и САД.
Имаат остварено настапи во речиси сите градови во земјава на речиси сите реномирани фестивали. Во 2012 година, ја добиваат наградата „Златна лира“ врачена од Сојузот на музичките уметници на Македонија. Во 2016 година го бележи и својот прв настап со Македонската филхармонија изведувајќи го концертот за две пијана и оркестар од Ф. Пуланк. Нивниот репертоар во континуитет се надградува и опфаќа дела од сите музички периоди од класиката, преку романтизмот до современата музика. Во текот на својата повеќегодишна работа дуото Гелебешеви имаат објавено и две аудио изданија во 2008 и 2018 година кои наидуваат на одличен прием кај стручната музичка јавност. Концертот ќе се одржи черва во 21 часот во црквата Св. Софија.