Skip to main content

Максим Венгеров за крај на „Охридско Лето“

Рускиот виолинист Максим Венгеров, вечерва ќе го затвори музичкиот дел на програмата на 55. издание на  „Охридско лето“.

vengerov

Рускиот виолинист Максим Венгеров, вечерва ќе го затвори музичкиот дел на програмата на 55. издание на  „Охридско лето“.

maksimВенгеров во црквата „Св.Софија“, ќе настапи во придружба на ерменскиот пијанист Ваг Папиан, а билетите за концертот се веќе распродадени. На концертот кој започнува во 21 часот ќе бидат изведени дела на Јохан Себастијан Бах, Сергеј Прокофјев, Цезар Франк, Еуген Иаси, Хајнрих Вилхелм Ернст, Николо Паганини и Џоакино Росини.

Според музичките критичари Венгеров е еден од најдинамичните изведувачи во светот, добитник е на Греми наградата и настапувал заедно со најпрестижните оркестри и диригенти во светот. Исто така тој има одржано и соло рецитали во речиси сите поголеми градови низ светот.

Роден во 1974, ја започнал својата кариера како соло виолинист на пет годишна возраст, победил на меѓународните натпревари „Виењавски“ и „Карл Флеш“ на 10 и на 15 годишна возраст, студирал со Галина Турчанинова и Захар Брон. Го остварил својот прв запис на 10 години и продолжил да снима за еминентни музички куќи како Melodia, Teldec и EMI.

vengerovВо 2007 продолжил по стапките на својот ментор Мстислав Ростопович и се посветил на диригирањето и оттогаш диригира со позначајните оркестри низ светот. Во 2010 година беше назначен за диригент на Гштад Фестивалскиот Оркестар, а во јуни 2014 специјализирал на Московскиот Институт Иполитов-Иванов во класата на професорот Јури Симонов.

Комбинирајќи ги двете пасии- изведување и диригирање, господин Венгеров влегува како постојан артист во Оксфордскиот оркестар со кој ја снимил верзијата од 1903 на Виолинскиот концерт на Сибелиус, Виолинскиот концерт на Брамс и Шкотска Симфонија на Менделсон.
Венгеров е првиот уметник во класичната музика кој е назначен за Интернационален амбасадор на добрата волја од страна на УНИЦЕФ. Свири на Страдивари виолина која му припаѓала на Кројцер (1727).

Инаку Венгеров пристигна во Македонија пред два ден а , се сретна и со  министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.