Skip to main content

“ДрамаКидЗ”

“Мали vs  ГОЛЕМ” утре повторно пред охридската публика

Вистинско театарско доживување за најмладата, но и за возрасната театарска публика во градов во изведба на детското драмско студио „ДрамаКидЗ“.
 |  инфодеск  | 
Мали Vs Голем

Поради зголемениот интерес на театарската претстава “Мали vs  ГОЛЕМ” од детското драмско студио “ДрамаКидЗ” при НУЦК Григор Прличев-Охрид, ќе биде повторно изведена пред пошироката публика, во ПЕТОК, 26 мај 2023 година со почеток во 20.00 часот. 

Оваа претстава претставува коавторско дело на драматургот Кристина Тодороска Петреска и режисерот Ирена Стеријовска. Обработува теми од секојдневието на младите личности нивниот глас и размислувања, наспроти образовниот систем и воопшто светот на возрасните.

Мали против голем

„ДрамаКидЗ“ започна со работа од октомври 2022 година и брои 26 членови од 3-то до 8-мо одделение, кои макотрпно работеа за реализацијата на овој проект.

Со нив работат професионалци, членови на ансамблот на НТО и тоа драматурзите Зоран Пејковски и Кристина Т. Петреска, режисерите Ирена Стеријовска и Ѓорѓи Ризески, како и актерите Филип Кипровски, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски.

Карти на билетара по цена од 100 денари.