“Мали vs ГОЛЕМ” утре повторно пред охридската публика
![Мали Vs Голем](https://tvm.mk/wp-admin/admin-ajax.php?action=kernel&p=image&src=%7B%22file%22%3A%22wp-content%2Fuploads%2F2023%2F05%2FScreenshot_20230405_114545_com.yahoo_.mobile.client.android.mail_-e1684959243411.jpg%22%2C%22thumbnail%22%3A%221200%2C%2C%22%7D&hash=747d6e24)
Поради зголемениот интерес на театарската претстава “Мали vs ГОЛЕМ” од детското драмско студио “ДрамаКидЗ” при НУЦК Григор Прличев-Охрид, ќе биде повторно изведена пред пошироката публика, во ПЕТОК, 26 мај 2023 година со почеток во 20.00 часот.
Оваа претстава претставува коавторско дело на драматургот Кристина Тодороска Петреска и режисерот Ирена Стеријовска. Обработува теми од секојдневието на младите личности нивниот глас и размислувања, наспроти образовниот систем и воопшто светот на возрасните.
![Мали против голем](https://tvm.mk/wp-content/uploads/2023/04/mali_golem3-1024x576.jpg?x28309)
„ДрамаКидЗ“ започна со работа од октомври 2022 година и брои 26 членови од 3-то до 8-мо одделение, кои макотрпно работеа за реализацијата на овој проект.
Со нив работат професионалци, членови на ансамблот на НТО и тоа драматурзите Зоран Пејковски и Кристина Т. Петреска, режисерите Ирена Стеријовска и Ѓорѓи Ризески, како и актерите Филип Кипровски, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски.
Карти на билетара по цена од 100 денари.