Skip to main content

Малта продолжува со продажба на пасошите

Малтешката Влада го отфрли апелот на Европскиот парламент да го спречи планот за продажба на пасоши на странците, кои со нивно купување автоматски би станале граѓани на Европската унија.

pasos
пасош

Малтешката Влада го отфрли апелот на Европскиот парламент да го спречи планот за продажба на пасоши на странците, кои со нивно купување автоматски би станале граѓани на Европската унија.

Пратениците на Европарламентот усвоија резолуција, која нема задолжителен карактер, со која ја повикаа Малта да ја спречи најавената програма, оценувајќи дека со неа се уриваат концептите на европското граѓанство.

pasosМалтешкиот премиер Јозеф Мускат на прес-конференција изјави дека е запознат со ставот на ЕУ, но оти програмата ќе продолжи, како и дека првите барања за купување пасоши веќе стигнале во Владата.

Услов за добивање малтешки пасош ќе биде инвестиција од 1,15 милиони евра, а според зборовите на премиерот бројот на патните исправи е ограничен на 1.800.

{loadposition content9}