Мартина Петровска, нов државен првак во гаѓање со воздушна пушка
Нов Државен првак на Македонија во гаѓање со воздушна пушка е нашата јуниорка Мартина Петровска која со резултат од 402,5 круга ја забетонира својата прва позција во категорија на јуниорки, како и на Куповите, така и на ова Државно првенство, а со тоа си обезбеди сигурно место во ререзентацијата.

Второпласирана во истата категорија со резултат од 397,3 кругови е нашата млада јуниорка Анастасија Мојсовска, која во досегашните Купови се наоѓа на третата позиција, но со овај успех секако се искачи на едно скалило погоре и ова ќе и го загарантира местото во репрезентацијата. За жал досега второпласираната јуниорка на Куповите- Јана Маркоска, не успеа да го повтори минатонеделниот успех од Бугарија и да избори пласман меѓу првите три на ова ДП, па таа со резултат од 395,5 кругови овајпат се најде на 4-тата позиција.
На седмата позиција во јуниорска категорија заврши младата Јована Милевска, која повторно постави свој нов личен рекорд од 376.4 кругови.Уште еден неочекуван успех на Ангела Алексовска, која после речиси две години пауза повторно ги бранеше боите на клубот, па со резултат од 382,4 круга таа се пласира на третата позиција во категорија на сениорки.Останува да видиме дали нашите јуниорки после ваквите резултати ќе бидат пријавени во екипна конкуренција на претстојното Светско првенство, што треба да се одржи од 22-29.06. 2017 го. во Сул, Германија.