Skip to main content

Маж со брада, ем тренди, ем здраво

Брадите повторно се во мода – од Бен Афлек и Џорџ Клуни, до Хју Џекмен и Хоакин Феникс, изгледа дека сите познати мажи се придружија на “брадестата бригада”.

bradati akteri
брадати актери

Брадите повторно се во мода – од Бен Афлек и Џорџ Клуни, до Хју Џекмен и Хоакин Феникс, изгледа дека сите познати мажи се придружија на “брадестата бригада”.

Имиџот кој најпрво почнаа да го промовираат дваесетгодишните хипстери сега го прифати и генерацијата на нивните татковци.
Многу жени не ги сакаат мажите со лице како шмиргла, бидејќи ги гребе, но можеби два пати ќе размислат пред да му кажат на својот партнер да го земе жилетот во рака – имено, брадата и брковите може да бидат многу добри за здравјето на мажот.
Заштита од сонце

Брадестото лице нуди заштита од сонцето и ракот на кожата, покажуваат резултатите од Универзитетот во Јужен Квинсленд. Деловите на лицето прекриени со влакна имале една третина помала изложеност на штетните UV зраци од безвлакнестите области.

bradati akteri“И густината игра важна улога, како заштитен фактор. Колку подебели се влакната, толку заштитниот фактор е поголем”, вели д-р. Ник Лоу, водечки дерматолог од Лондон.

Според една друга теорија, кадравата брада ги разбива сончевите зраци кои патуваат праволиниски. Кога зракот ќе наиде на виткано влакно, тој се прекршува и ретко воопшто стига до кожата.

Може да спречи астматичен напад

Мажите кои патат од астма заради полен или прашина може да имат корист од брковите, бидејќи тие ги намалуват симптомите. Брковите кои го покриваат носот може да го спречат продирањето на алергенот низ ноздрвите и плуќата.
Некои експерти, меѓутоа, сметаат дека на овој начин може да се спречи поленот да влезе во организмот, но не и прашината чии честички се микроскопски.


Го забавува стареењето
Влакната на лицето со тек на време може да и помогнат на кожата да остане млада и во добра состојба. Тие спречуваат водата да испари низ кожата, со што ја одржуваат влажна, а ја штитат и од ветрот кој ја суши и го нагризува заштитниот слој.
Ако ставите хидратантна крема, таа подолго ќе се задржи под брадата и брковите отколку на избричено лице.

Помага против настинка

Брадата ќе ја подигне температурата на вратот и ќе помогне против настинките. Влакната се изолатори кои греат. Долгите и густи бради, кои го “заробуваат” ладниот воздух и ја подигнуваат температурата на вратот се дополнителен бонус кога мажот се чувствува болно.

Спречува осипи на кожата

Кога нема бричење нема ни незгодни осипи. Бричењето е најчесто главна причина за некои бактериски инфекции во долниот дел на лицето. Може да доведе до исекотини, враснати влакна и фоликулитис (инфекција на фоликулата на влакната).

Но, лошата вест е…

Научниците докажаа дека брадата може да шири инфекции, вели д-р. Рон Катлер, микробиолог на Универзитетот Кралица Марија во Лондон.
Затоа е важно мажите кои имаат брада редовно да го средуваат тој дел, за кожата под брадата да не остане воспалена од враснатите влакна.Исто така, оние со долги брадите мора редовно да проверуваат дали во нив има остаток од храна.

{loadposition content9}