Skip to main content

Мажите се поголеми чашитки од жените

Иако жените важат за пол кој повеќе сака да озборува, според најновите истражувања, изгледа оваа титула сега ја освоија мажите!

mazi
мажи

Иако жените важат за пол кој повеќе сака да озборува, според најновите истражувања, изгледа оваа титула сега ја освоија мажите!

maziСпротивно од општоприфатеното мислење дека жените се најголеми озборувачки, ако може да им се верува на резултатите од последното истражување, изгледа дека мажите сепак се оние кои што повеќе озборуваат.

Така, мажите ја добиваат титулата за поголеми “тетки” и се разоткриени дека воопшто не знаат да чуваат тајни, туку веднаш откако ќе им кажете нешто во доверба, тие заминуваат и истото го споделуваат со некој друг, објавува “Daily Mail”.

Истражувањето спроведено помеѓу 2.000 Британци покажа дека просечен маж може да сочува тајна околу 2 часа и 47 минути, што е 40 минути помалку отколку жените, а секој десетти признава дека издал туѓа тајна во следните 10 минути откако истата ја дознал.
И покрај сето тоа, 92% од припадниците на посилниот пол за себе велат дека се луѓе од доверба.

mazziКога станува збор за видот на тајната, изгледа дека мажите најтешко може да ја чуваат тајната за неверството на својот пријател, туѓа лага или пак доколку некој од колегите има љубовна афера со личност од канцеларијата.

Она што е загрижувачко е податокот дека мажите туѓите тајни ги споделуваат со најмалку пет различни личности, вклучувајќи ја својата девојка или сопруга, како и пријателите и останатите колеги од работното место.

“Ако сакате нешто да остане тајна, тоа не му го кажувајте на некој маж”, заклучува портпаролот на компанијата “The Fifth Estate”, која што и го спроведе истражувањето.

Поради модерната комуникација, момците не чекаат ниту да се сретнат со своите пријатели, туку тајната ја споделуваат преку социјалната мрежа Фејсбук или пак некој друг вид на комуникација.

Топ десет тајни кои што не се безбедни кај мажите:

1. Љубовна афера на пријателот
2. Нечија туѓа лага
3. Шеф или колега кој има љубовна афера на работното место
4. Нечија бременост
5. Тајна на некој кој има проблеми со полиција
6. Тајна на некој кој лаже за работата или платата
7. Информација дека некој направил пластична операција
8. Унапредување или зголемување на плата на некој од пријателите
9. Финансиски проблеми на пријателот или колегата
10.Проблеми во креветот на некој пријател или колега

{loadposition content9}