Skip to main content

Мажите се посреќни

Детално истражување на 12 аспекти на модерниот живот, покажа дека мажите доживуваат повисоко ниво на среќа, односно дека се посреќни во однос на седум од нив, вклучувајќи физички изглед, плата и облик на телото.

maz
маж

Детално истражување на 12 аспекти на модерниот живот, покажа дека мажите доживуваат повисоко ниво на среќа, односно дека се посреќни во однос на седум од нив, вклучувајќи физички изглед, плата и облик на телото.

Резултатите кај жените биле подобри во неколку области. Така се покажа дека жените се посреќни во поглед на семејниот живот, љубовта и во категоријата сексуален живот.

maziОна што охрабрува е податокот дека нивото на среќата кај возрасните испитаници генерално изнесувала 64 отсто.
Истражувањето го нарача Benednden Health, а во него се покажа дека просечните жени се среќни со своето здравје и место на живеење.
Останатите подрачја во кои мажите се посреќни во однос на жените се нивните шанси за кариера, потоа како другите гледаат на нив, финансиите и сигурноста на работното место.

Еден од интересните детали до кои се дојде со истражувањето е тоа дека луѓето мислат дека во животот би биле пооптимистични доколку партнерот им е поприврзан. Исто така, се покажа дека луѓето во брак се многу посреќни од самците или оние во вонбрачни врски. Сепак, и покрај тоа, петина од двојките рекле дека по венчавката се помалку оптимистични.

Истражувањето покажа дека постарите генерации се пооптимистични и на животот гледаат од поведрата страна отколку луѓето, на пример, во дваесетите години, како и тоа дека оптимизмот расте со текот на годините.

{loadposition content9}