Skip to main content

Медот ги убива бактериите отпорни кон антибиотици

Зголемената стапка на инфекции чии причинители се резистентни (отпорни) кон антибиотици, доведе до драматично намалување на ефективноста на повеќето конвенционални лекови.

 |   | 
med
med

med

Зголемената стапка на инфекции чии причинители се резистентни (отпорни) кон антибиотици, доведе до драматично намалување на ефективноста на повеќето конвенционални лекови.

Традиционалните народни лекари долго време дискутирале за предностите нa медот во третирањето на инфекциите додека конвенционалните лекари ги негирале овие тврдења.

Конечно, дел од науката се сложи за ова тврдење и започна да ги поддржува мислењата дека медот можеби и има одредена улога во помагањето (но самостојно применет, не и во убивањето), на антибиотиците во уништувањето на бактериите.

Истражувањата направени во Холандија, со подршка на владините и редица индустриски истражувачки организации, го испитувале антимикробното дејство на “медицински-оценетиот мед”, кој е продуциран од пчели одгледувани во затворени зелени градини.

Во ин витро студиите каде е испитувана бактерицидна активност на медот, е покажано дека медот навистина помогнал во убивањето на тестираните бактериски изолати, вклучително и метицилин резистентниот Staphylococcus aureus, ванкомицин резистентната Escherichia faecium, и мулти-антибиотски резистентните грам негативни бактерии.

Испитувањето е направено врз 42 здрави волонтери на кои експериментално им е направена мала гребнатинка на кожата на предната страна од раката и потоа е премачкана со мед и покриена со полиуретрански фластер, за време од 2 дена. Тие се споредувани со контролна група која исто така имала медицински експериментално направена гребнатинка, на истото место на раката и која била прекриена само со фластер, но без слој од мед. Резултатите покажале дека фластерите премачкани со мед биле негативни за бактерии отколку контролните фластери.

Овие истражувања направени од стручните лица во медицинските центри во Холандија, покажале дека во иднина медот можеби ке ја завземе рутинската улога во паралелното третирање на рани кои се инфицирани со мулти-резистентни соеви на бактерии и во голема мерка ке ја помогне активноста на антибиотиците.

{loadposition content9}