Твитер
Медиумите ќе можат да наплаќаат за читање текстови на Твитер
Корисниците кои не би се регистрирале за месечна претплата ќе значи дека ќе плаќаат повисока цена по напис.
Сопственикот на Твитер, Илон Маск, најави дека социјалната мрежа од следниот месец ќе воведе опција која на медиумите ќе им даде можност да наплаќаат за читање на нивните текстови.
„Ова за корисниците кои не би се регистрирале за месечна претплата ќе значи дека ќе плаќаат повисока цена по напис кога сакаат да го прочитаат“, напиша Маск на Твитер.
Тој изјави дека новата опција треба да биде од голема корист и за медиумските организации и за јавноста.
Откако ја презеде компанијата во октомври минатата година, Маск воведе низа промени во обид да ги зголеми приходите на Твитер, откако платформата забележа пад на приходите од рекламирање, пишува „Гардијан“.
Маск го намали бројот на вработени во Твитер од 7.500 на околу 1.500 луѓе, додава весникот.