ООМУ „Методи Патче“ Охрид со врвни резултати на 64-тиот Државен музички натпревар
На 6 и 7 април 2026 година, во Скопје се одржа 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, на кој учениците од ООМУ „Методи Патче“ – Охрид остварија извонредни резултати, потврдувајќи го континуитетот и квалитетот во работата на училиштето.
Флејта (класа проф. м-р Нина Момировска):
- Бојана Размоска – Прва специјална награда
- Ана Јованоска – Прво место
- Тијана Шутароска – Прва награда
- Миа Стојкоска – Прва награда
Хармоника (класа проф. Филип Гавриловски):
- Никола Чулчески – Прва специјална награда
- Михаил Стојаноски – Втора награда
- Стефан Таштаноски – Трета награда
Пијано:
- Ана Кузманоска – Специјална прва награда (класа проф. Ана Ѓоргиоска)
- Борјан Николоски – Прва награда (класа проф. Ана Ѓоргиоска)
- Исидора Кочовска – Втора награда (класа проф. Игор Климоски)
- Алексеј Чуркоски – Втора награда (класа проф. Даниел Чуркоски)
Виолина:
- Бисера Радеска – Трета награда (класа проф. Мухамед Бајрам)
- Антица Николоска – Прво место (класа проф. Мухамед Бајрам)
- Ана Јосифоска – Втора награда (класа проф. Елица Рашкова)
- Димитар Јанкуловски – Прва награда (класа проф. Елица Рашкова)
- Димитар Аслимиски – Втора награда (класа проф. Елица Рашкова)
- Стефан Бараковски – Прва награда (класа проф. Елица Рашкова)
- Виктор Србиноски – Прва специјална награда (класа проф. Елица Рашкова)
Теорија (класа проф. Бојан Матоски):
- Борјан Николоски – Прва специјална награда
- Мартин Серафимоски – Пофалница
ФОТО Галерија ТУКА.

Од училиштето упатија честитки до учениците за нивниот труд, посветеност и истрајност, посакувајќи им уште многу успеси во иднина. Посебна благодарност беше изразена до професорите Даниел Чуркоски и Ирена Веруш за пијано придружбата и поддршката.
Натпреварот беше организиран од Здружението на музички и балетски педагози, во соработка со Министерството за образование и наука, а поддржано од Европската асоцијација на музички натпревари за млади.


