Мирисот на љубената личност не прогонува цел живот
Сетилото за мирис може да разликува 10.000 различни мириси, а од сите работи кои ги имаме доживеано со партнерот, најдобро ќе го запаметиме неговиот мирис.
Мирисот на партнерот во кој сме вљубени во нашето сеќавање остава трага за цел живот.
Дури 81 процент од жените се уверени дека ретките мирисни состојки, кои се содржани во малите шишенца од нивниот омилен парфем, ги прават многу попривлечни и посексипилни.
Од друга страна пак тоа е сосема нормално, ако се земе во предвид фактот дека 84 проценти од мажите признале дека мирисот на добар женски парфем многу повеќе ги возбудува и ги доведува до лудило, отколку провкативната долна облека или секси фустаните.
Дизајнерот и мајстор за мириси Жан Пол Готје вака ја објаснува љубовта кон парфемите : „Кога целата облека ќе ја соблечат, партнерите остануваат „облечени“ само во својот парфем. Кој дизајнер може да се пофали со ова? “
„Секогаш кога една жена очекува да добие бакнеж, треба на себе да има парфем кој ќе направи таа да зрачи со самодоверба и сексипил“, заводливо советува Коко Шанел.
{loadposition content9}