Skip to main content

Мишел Тело, („Ај сечи Перо“) доаѓа во Македонија?

Бразилецот Мишел Тело кој го освои светот со песната “Ai, se eu te pego”, се подготвува за долга интернационална турнеја во февруари и март следната година.

 |   | 
misel telo
misel telo
Според бразилскиот сајт “Ола“ миленикот на македонската публика, бил поканет да пее во Македонија и Тунис каде, како што пренесува порталот, владее вистинска “треска“ по него.

misel telo

“Чудно е каква моќ има музиката. Добив покани од земји за кои можеби и не сум чул“, се пошегувал пејачот.

Интернационалната турнеја на пејачот започнува во февруари и март следната година, а Тело ќе се појави на концерти ширум Европа, со настапи во Португалија, Шпанија и Италија, каде што неговата музика е најпопуларна.

“Песната “Ai, se eu te pego” стана вистинска “треска“ и најслушаната на iTunes. Ова не го очекував“, вели пејачот.

Швајцарија и Англија се само дел од земјите кои ќе бидат дел од неговата европска турнеја, од каде заминува на концерти во САД и Израел.

За турнејата се подготвува и нова верзија на неговата најпозната песна “Ai, se eu te pego“ која ќе биде на англиски и во соработка со позната американска продуцентска куќа.

Планетарниот успех непознатиот Бразилец го достигна откако во октомври фудбалерот Кристиано Роналдо постигна гол на еден натпревар по што ја “изигра“ песната “Ai, se eu te pego“, а неговиот пример го следеа многу фудбалери ширум светот.

Во продолжение, расположете се со македонската верзија на песната на младиот и актрактивен бразилски пејач.


{loadposition content9}