Мисија „Касини“
Вселенското летало на НАСА „Касини“, што на 26 април помина меѓу Сатурн и неговите прстени, ги потврди претпоставките на научниците дека во тој простор не се наоѓа речиси ништо, односно дека просторот меѓу прстените е потполно празен.

Претходно, по анализата на извештајот од „Касини“, тие просторот го именувале како „голема празнина“ (the big empty). Досега се веруваше дека во тој простор, со широчина од околу 2.000 километри, се наоѓа поголема количина вселенска прашина. Сепак, регистрирани се само неколку честички со големина од еден микрон.
„Просторот меѓу прстените и Сатурн, очигледно е една голема празнина. ’Касини‘ ќе продолжи со својата мисија, а на научниците им останува задачата да откријат зошто количината на прашина е значително помала од очекуваната“, изјави научникот од НАСА, Ерл Мејз.
Ова е добра вест, со оглед на предвидувањата дека во тој простор има многу повеќе прашина која би можела да го оштети „Касини“. Експертите на НАСА планираа главната антена да се користи како штит во текот на последното 21 кружење околу Сатурн, но сега тоа ќе биде неопходно само при четирите „нуркања“ директно меѓу прстените.
До крајот на мисијата, што ќе заврши на 15 септември со забивање на сондата на Сатурн, остануваат уште 20 кругови.